Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФК Вардар го посети “О.У. Партенија Зографски“ и подели пакетчиња
ФК Вардар го посети “О.У. Партенија Зографски“ и подели пакетчиња

ФК Вардар го посети “О.У. Партенија Зографски“ и подели пакетчиња

Денес основното училиште “Партенија Зографски“ го посети фудбалскиот клуб Вардар, кој на училиштето му подари топки и добија благодарница за учеството на приредбата, на која децата од ова училиште го најавија дочекот на новата година и им посакаа среќни празници на присутните.

\vardarfans-poseta

Петр Петковски, Андреј Ричков, Владица Брдаровски и Филип Стојчевски делеа новогодишни пакетчиња и внесоа голема радост во ова училиште. Секако дечињата им се заблагодарија за оваа акција и ги поканија повторно да бидат нивни гости. Вардар како најголем спортски бренд во Македонија продолжуваат со вакви акции со цел да ја пренесе љубовта кон Вардар на децата од најмали нозе.