Ракометарот на Вардар, Вуко Борозан имаше сообраќајна несреќа во Цетиње, поради која ќе мора да паузира од теренте најмалку три недели, односно до самиот почеток од Европското првенство кое ќе се одигра во Хрватска. Вуко за црнагорските медиуми истакна дека денес се чуствува подобро.
Добро сум. Денес е подобро. Ќе мора да паузирам три недели, а каква е повредата ќе видиме потоа.
Борозан имаше незаборавна година во која освои четири трофеи со Вардар, од кои еден во Лигата на Шампионите, успеа со својата репрезентација да се пласира на ЕП, но исто така и да “заплива“ во брачните води.
-Ова е сигурно најдрага и најдобра година во мојот живот. Покрај добрите резултати со клубот и со репрезентацијата, се оженив. Но, секогаш може подобро.