Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Како изгледа моменталниот состав на ФК Вардар, на тимот се приклучија и играчи од младинскиот погон
Како изгледа моменталниот состав на ФК Вардар, на тимот се приклучија и играчи од младинскиот погон

Како изгледа моменталниот состав на ФК Вардар, на тимот се приклучија и играчи од младинскиот погон

Фудбалерите на Вардар се подготвуваат за пролетниот дел од сезоната во ВМФЛ.

Екипата до овој период ја напуштија Симеон Христов, Ерен Парталко, Кире Маркоски, Јован Попзлатанов, Никола Величковски и Никола Ристески.

Во Вардар останаа Филип Гачевски, Боби Целески, Гоце Јовчев, Ненад Мишковски, Дарко Глишиќ, Дарко Мицевски, Христијан Вецески, Нијаз Јусуфи, Филип Јаневски, Дарио Десниќ, Давор Серафимов, Кристијан Николовски, Давид Велковски, Владимир Жоглев, Бенјамин Демир, Мартин Блажевски, Јорго Папули, Матеј Николов и Горјан Цветков.

Со екипата од младинскиот погон тренираат уште и Горјан Цветков, Марко Стојилевски и Ѓорѓи Дошев, додека на екипата се приклучија уште и Агрон Туша, Зоран Фидановски (2005), Андреј Данстак, Марко Николовски, Матеј Гаштаров, Давор Лефковски, Нуман Ајетовиќ (2006) и Левент Ибраим (2004).

Засега нема официјално засилување, а првиот контролен натпревар ќе го одиграме утре со екипата на Тетекс.