Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФК Вардар соопштение : Мора да се плаќаат карти поради казната од УЕФА! Една од причините за истата е и инцидентот на агенцијата за обезбедување ангажирана од ФКВ
ФК Вардар соопштение : Мора да се плаќаат карти поради казната од УЕФА! Една од причините за истата е и инцидентот на агенцијата за обезбедување ангажирана од ФКВ

ФК Вардар соопштение : Мора да се плаќаат карти поради казната од УЕФА! Една од причините за истата е и инцидентот на агенцијата за обезбедување ангажирана од ФКВ

По соопштението на Комити Запад (види) за денешниот меч, со исто такво соопштение излезе и клубот ФК Вардар. Во соопштението на фудбалскиот колектив може да забележиме еден крајно спорен дел дека треба да се вратат, платат за казнита во која една од главните причини за изрекување е наведена следнава “и за постапките на агенцијата која беше задолжена да го обезбедува тој дел од стадионот.“ . Навистина е чудно како навивачите треба да ја платат казната за грешката на агенцијата која ЈА АНГАЖИРА СЕКОГАШ КЛУБОТ . Ова е соопштението на Вардар пренесено во целост:

На првенствениот фудбалски натпревар против Хоризонт Турново, неколку десетици навивачи останаа надвор од стадионот од каде го бодреа клубот. Нив не им беше овозможен влез на стадионот поради тоа што немаа билети, како и сите други гледачи кои присуствуваа на овој меч.

Ваквата одлука клубот ја донесе поради казната која стигна од УЕФА за мечот Вардар-АПОЕЛ во рамките од квалификациите за Лигата на шампионите, кога бевме казнети со вкупно 40.000 евра. Таа штета мора некако да се надополни. ФК Вардар е казнет по основ на недозволиво однесување и скандирање на дел од навивачите, користење на пиротехнички средства, и за постапките на агенцијата која беше задолжена да го обезбедува тој дел од стадионот.

Паричниот надомест кој треба ФК Вардар да го исплати кон УЕФА, ќе го надомести, а покрај тужбата против агенцијата за обезбедување, во иднина ќе наплатува и влезници.

Оваа одлука ќе важи се додека не надоместат средствата од изречената казна. Како клуб го разбираме револтот на навивачите, но мора и тие да разберат дека казната треба да ја плати оној поради кој е и донесена. Ова не важи за ракометните натпревари кои и понатаму „ најверните навивачи“  ќе можат да ги следат без билет, меѓутоа за фудбалските натпревари ќе мора во иднина сите да купуваат влезници.

Во прилог и казната од страна на УЕФА која стигна на адресата на Ф.К. Вардар:

vardarfans kaznata