Навивачите на црвено – црниот фудбалски колектив “Комити запад“ излегоа со соопштение за настаните денес и за нивните планови за во идинина . Истото ви го пренесуваме во целост во соопштенито најверните велат :
Честитки за победата денес на нашиот Вардар против Турново 5:1, со најискрени желби низата победи да се продолжи и што поскоро да ја одбраниме титулата. Денес, голем дел од навивачката група Комити беше вчудоневидена од радикалната промена на политиката на клубското раководство кон своите навивачи. Без никаков повод ни причина, Комити, новините од клубот ги дознаа пред влезот на својата матична трибина, и тоа не од Управата и не со предходна најава туку од редарите дирекно пред влез. Навистина чудно, имајќи предвид дека со ништо не беше поттикнат таквиот однос, но ете Управата сметаше дека не е потребно да не удостои со информации ниту е потребно да се договара со нас, туку едноставно е доволно со декрет да се донесат одлуки…
Навивачката група Комити денес, 13.09.2015г. по натпреварот едногласно донесе Одлука со која ги прекинува сите контакти со Управата на ФК и РК Вардар. Истовремено цврсто, решително и бескомпромисно го повикуваме целото наше членство на драстично зголемена активност, мобилизација на сите ресурси и присуство на натпреварите на ФК Вардар во многу поголем број. Нашиот пристап, пасивност и дури помала наивност придонесува состојбата на нашата група да биде далеку под нашето реноме и нашите можности, истовремено тоа придонесува оние со кои соработуваме и им веруваме да ја злоупотребуваат ситуацијата и да ни се обраќаат со недоволно почитување и респект, па дури и потценувачки. Комити не се дизајнирани и формирани да опстојуваат во просечноста, ние секогаш сме тежнееле и тежнееме на унапредување и надградување, затоа, Ви се обраќаме вам и ова соопштение е адресирано исклучиво до нашето членство и нашите поддржувачи:
Разбудете се, сега е моментот, нашата група носи свето име и сега нам ни е времето кога ни е доделено бремето да го чуваме и да ја браниме неговата и наша чест. Помошта е потребна од секој од вас, сегашен, поранешен, актуелен, помалку актуелен, активен, помалку активен Комита, од сите вас кои сте придонеле нашето заедничко име да биде изговарано со должна почит и треперење…Никогаш не сме дозволиле да бидеме прегазени од никаква големина, никогаш не сме биле поразени и понижени, секогаш сме наоѓале сила да ги надминеме сите ситуации и на крајот да бидеме победници! Затоа сме Комити…
А што се однесува до влезните билети…Зарем тоа е некаков проблем? Ве повикуваме вас Комити, секој од нас достоинствено да си купи билет од билетара за да биде до својот сакан клуб за сите наредни натпревари! Тоа е наша чест и задоволство, она што е проблем е дрскиот и безобразен однос, кој ќе мора да биде сменет, и ќе биде сменет затоа што дел од нашите сили ќе бидат насочени токму таму…
Им благодариме на полицискиот дел од Управата на Вардар, вие сте најзаслужни за нашето враќање, обединување и единство…Вие сте дел од причината поради која групата ќе се врати кон својот вистински колосек, поголема, поединствена, помоќна…,секако, другата поголема причина е нашата бескомпромисна љубов кон нашиот Вардар.
Комита сум, и не ви се молам, за Вардар наш јас ќе се борам…Вардар, Вардар, Вардарее!!!