Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар ги испрати дома турновци со ”петарда во мрежата”
Вардар ги испрати дома турновци со ”петарда во мрежата”

Вардар ги испрати дома турновци со ”петарда во мрежата”

 Црвено – Црните момци денес го ”прегазија” Турново со 5:1. Една убедлива игра, перфектна, како што му доликува на еден Вардар да ги добива своите мечеви во ПМФЛ. Денес видовме една одлична партија на целиот колектив Вардар, видовме, и се уверивме во една класа играч, во името на Ромеро. За Вардар на овој меч настапија: 28. Пачовски, 19. Хамбарџумјан, (Брдаровски) 4. Мијушковиќ, 14. Велковски, 3. Попов, 16. Глигоров,(Новак) 70. Фелипе, 7. Љамевски, (Спировски) 9. Блажевски, 58. Ромеро, 22. Ивановски.

Голеадата Вардарци ја започнаа во 16 минута кога прецизно стрелаше Филип Ивановски за 1:0, предноста ја зголеми нашиот најефикасен играч Блажевски во 18 минута за 2:0. Потоа Ромеро стапи на сцена. Два одлични погодоци на Ромеро, посебно вториот од преку 25 метри од слободен удар, кога го матираше противничкиот голман за убедливи 4:0 по првиот дел.

Започва вториот дел, Вардар продолжи да игра моќно, а противникот се бранеше. По едно невнимание, за жал двојниот стрелец Ромеро пред време го напушти теренот, и доби црвен картон. Но тоа на Вардарци не и пречеше да постигна уште некој погодок, 5-ката во мрежата на турновци ја даде Дејан Блажевски во 66 минута за убедливи 5:0. При крајот на мечот Турновци постигнаа почесен погодок за 5:1 Така и заврши овој натпревар со нови три бода!

Фото: fkvardar.mk