Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Денес на „Билјанини Извори“ ФК Вардар ќе „тестира“ со Охрид
Денес на „Билјанини Извори“ ФК Вардар ќе „тестира“ со Охрид

Денес на „Билјанини Извори“ ФК Вардар ќе „тестира“ со Охрид

Од вчера, фудбалскиот клуб Вардар се наоѓа во Охрид, каде ќе биде одработен главниот дел од подготовките во пресрет на новата сезона во ВМФЛ.

Денес, црвено-црните го играат и првиот контролен натпревар во Охрид, против екипата на ГФК Охрид, а вкупно трет за вардарци во овој подготвителен период. Претходно, славевме на на дуелот со екипата на Локомотива (3:0), додека бевме минимално поразени од екипата на Скопје (1:0).

Денешниот натпревар против екипата на Охрид ќе се одигра на стадионот „Билјанини Извори“ со почеток од 17:30 часот.