„Несудениот вардарец“, Нејц Цехте, наместо во Вардар, од следната сезона ќе игра за шампионот на Данска, екипата на ГОГ Гудме.
Словенскиот репрезентативец имаше договор со црвено-црните, но поради исфрлањето на Вардар од Лигата на Шампионите, играчите кои беа најавени како нови засилувања нема да пристигнат во Скопје. Еден од нив е и Цехте кој потпиша договор на една сезона со екипата од Данска.
Претходно, истото го сторија и Дуарте кој замина во Гепинген, Андреев во Брест Мешков, додека се уште нема информација каде ќе продолжи Божо Анџелиќ.