Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Најдобриот голман од Купот `19, Грујовска повеќе не е член на ЖРК Вардар
Најдобриот голман од Купот `19, Грујовска повеќе не е член на ЖРК Вардар

Најдобриот голман од Купот `19, Грујовска повеќе не е член на ЖРК Вардар

Еден од најталенираните млади голмани во земјава, Симона Грујовска и ЖРК Вардар ставија крај на соработката која траеше повеќе од половина деценија. На младиот 18.годишен голман и на црвено-црните им се разделија патиштата, таа сега е „слободен агент“ па познавајќи го нејзиниот квалитет веројатно брзо ќе биде “зграбена“ од некој од Суперлигашите во земјва.

Грујовска е девојката која помести многу граници на својот ракометен пат,  вардарката беше  е кадетска, младинска и сениорска  репрезентативка,    покрај ова на  само 15.години дојде и до признанието „Најдобар голман“ во сениорска конкуренција на Куп завршницата во Куманово, беше најмлад голман со сениорско признание.

sim3

Во сениорскиот ракомет имаше деби на 13.години, остави впечаток на одличен голман пред кој е блескава иднина. Често беше двоцифрена во настапите,  неретко идеше над 50% успешни интервенции во своите настапи, дефинитивно пружаше одлични партии во црвено-црниот дрес. Ги мина сите младински категории на црвено-црните, беше дел од составот кој дојде до пионерската круна, потоа со успех настапуваше во кадетска, младинска и сениорската конкуренција, што донесе повици за мак.селекциите.
Редакција на Вардар фанс и посакува среќа во кариерата.