ФК Вардар го одигра и третиот контролен натпревар во подготвителниот период, противник ни беше екипата на ГФК Охрид.
На стадионот „Билјанини Извори“ натпреварот и по 120 минути игра заврши со почетниот резултат 0:0. Вардар беше подобар противник на овој натпревар, но сепак не успеа да ја затресе противничката мрежа. Посебно во вториот дел од мечот имавме прилики преку новото засилување, Дарио Десниќ, како и преку Давид Велковски, но немаше промена на резултатот.
Ова беше трет контролен натпревар за избраниците на Бобан Грнчаров, после победата против Локомотива и поразот од Скопје.