Фудбалскиот клуб Вардар на својата официјална страница го објави следново:
Почитувани навивачи на клубот,
Ве покануваме утре, на првиот официјален тренинг на ФК Вардар, кој ќе се одржи веднаш позади западната трибина на Градскиот стадион
Собирот на навивачите, започнува во 18:00ч, на фонтаната во Градскиот парк.
На собирот, ќе може да се купат промотивни маички “Вардар – клуб на народот”, по цена од 500 денари.
Покрај тоа, пред сите јавно ќе бидат соопштени начелата на нашата најголема заедничка акција – Продажба на членски карти, со кои ќе можат да се проследат сите домашни натпревари на ФК Вардар, во сезоната 2023/24.
Бидете присутни, зошто борбата започнува утре!