Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФК Вардар во среда се враќа со тренинзи, на комплексот во Хиподром
ФК Вардар во среда се враќа со тренинзи, на комплексот во Хиподром

ФК Вардар во среда се враќа со тренинзи, на комплексот во Хиподром

После враќањето од Словенија, каде црвено-црните ги одработија главниот дел од подготовките во Зрече, следниве два дена ќе бидат слободни за тимот на Вардар. Со тренинзи ќе продолжиме во среда наутро од 09:30 часот, и на комплексот во населбата Хиподром ќе се подготвуваме за двомечот против екипата на Пјуник, во рамките на квалификациите од Лигта на Европа.

Првиот натпревар против Пјуник го играме на гостински терен, на 12-ти јули, додека за една недела, или на 19-ти јули е реваншот на арената “Филип Втори“. Од клубот се уште нема официјално претставување на Манев и Херанц.