Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Одредени датумите на колата во ЛШ за групата А каде што е РК Вардар
Одредени датумите на колата во ЛШ за групата А каде што е РК Вардар

Одредени датумите на колата во ЛШ за групата А каде што е РК Вардар

Според распоредот  новата сезона ЕХФ Лигата на Шампионите каде играме во А групата, ќе почнеме со гостување во Франција кај  европски првак Монпелје во средината на септември. Групната фаза ќе ја завршиме на домашен терен во “Јане Сандански“ со дуел со Монпелје на почетокот на март, идната  година.

Одредени се датумите на колата, односно засега се знаат само провизорните датуми за секое коло, а дополнително во соработка со клубовите ќе се одредат и точните датуми, и саатници. Сега се знаат само распонот на датуми во кои клубовите може да бидат домаќини.  И оваа сезона во “есенскиот дел“  ќе се одиграат 10 кола, а следните четири во февруари и март 2019 година,  по завршување на СП во Германија и Данска.Според распоредот, оваа есен ќе бидеме домаќини на  пет средби и тоа против Кристијанштад, Рајн Некар, Мешков, Барселона и Кјелце.

Календар на натпревари на Вардар во група А

1 коло (12-16.09.2018)
Монпелје - Вардар

2 коло (19-23.09.2018)
Вардар – Кристијаштад

3 коло (26-30.09.2018)
Веспрем - Вардар

4 коло (03-07.10.2018)
Вардар – Рајн Некар

5 коло (10-14.10.2018)
Кјелце – Вардар

6 коло (03-04.11.2018)
Вардар – Мешков

7 коло (07-11.11.2018)
Вардар – Барселона

8 коло (14-18.11.2018)
Барселона – Вардар

9 коло (21-25.11.2018)
Мешков – Вардар

10 коло (28.11 – 02.12.2018)
Вардар – Кјелце

11 коло (06-10.02.2019)
Рајн Некар – Вардар

12 коло (113-17.02.2019)
Вардар – Веспрем

13 коло (20-24.02.2019)
Кристијанштад - Вардар

14 коло (27.02 – 03.03.2019)
Вардар – Монпелје