Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Страхиња Милиќ на второто место, според процентот на одбранети удари во СЕХА-лигата
Страхиња Милиќ на второто место, според процентот на одбранети удари во СЕХА-лигата

Страхиња Милиќ на второто место, според процентот на одбранети удари во СЕХА-лигата

Страхиња Милиќ во новата сезона би требало да биде прв голман на Вардар, откако од клубот замина Арпад Штербик. Популарниот “Џамбо“ сезоната во СЕХА-лигата, во која црвено-црните успеаа да го одбранат трофејот, ја заврши на второто место според процентот на одбранети удари кон неговиот гол. Според статистиката на стручните лица во ова натпреварување, Милиќ имал 34% на одбранети удари, што го става на второто место веднаш зад голманот на Војводина, Светислав Веркиќ кој е на првата позиција со 37% на одбранети удари. Во ТОП-5 листата место имаше и за Арпад Штербик, кој има 32% на одбранети удари.

Што се однесува до бројот на одбранети удари по натпревари, Милиќ во ова статистика се наоѓа на петтата позиција, со 6.9 одбранети топки по меч, или ако сакате вкупно тој имал 111 одбрани во натпреварувачката 2017/18 сезона.