Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер.2006 со две победи ја отвори пролетната полусезона
ФК Вардар генер.2006 со две победи ја отвори пролетната полусезона

ФК Вардар генер.2006 со две победи ја отвори пролетната полусезона

Денес на терените на фудбалската федерација на Македонија се одигра првото пролетно коло во детската лига. ФК Вардаар генерација 2006 година кој го предводи од клупата Сашо Јанев одигра два дуела. На двата меча имавме ривали од градот Куманово и двата дуели ги добивме, впишувајќи две победи на стартот од пролетниот дел.

*Неколу фотографии од овој дуел може да погледнете на нашиот сајт- ОВДЕ!

2r

Екипата на ФK Вардар (1) генер. “2006“  се сретна со тимот на ФК Милано од Куманово,  нашите момци на овој дуел дојдоа до победа со резултат 3-0 (1-0) На почетокот тргнавме офанзивно, со цел рано да постигнеме погодок. Успеавме да поведеме на почетокот од првиот дел со 1-0, стрелец за црвено-црните беше Стефан Коловски.  Потоа следеа две прилики кои не ги претвори во погодок Алатин Аљији, тој се обиде но не успеа да погоди. Противникот се закани сепак на нашиот гол Андреј Данстак беше на висина на задачата. Стрелецот на голот Коловски имаше серија шанси, во три наврати се обиде и не успеа да погоди.  Едноставно не успеавме да погодиме во првиот дел уште се обиде и Алатин Аљији, но моравме да се задоволиме само со минимална предност, 1-0 на пауза.

3

Вториот дел почна со голема офанзива на црвено-црните момци, избраниците на Јанев атакуваа на голот на Милано постојано. По неколку прилики на почетокот имаа  Алатин Аљији   и  Нуман Ајтовиќ, тие се обидуваа од дистанца и од игра сепак мрежата од голот на Милано никако не успеавме да ја затресеме. Голема шанса потоа имаше и Михаел Николов кој се обиде со “бомба„ од 20.метра, неговиот удар голманот со крајни напори го исфрли во трет корнер.  Истиот неуспеа во гол да го претвори Алатин Аљији. Сепак истиот играч конечно потоа го “скрши мразот“ и стрелаше умешно за 2-0. По голот Галевски Кристијан се обиде од дистанца, а Михаел Николов имаше соло-продор мина неколку играчи го совлада голманот, сепак за жал топката заврши во дирекот.  На крајот за 3-0 стрелаше Марко Николовски, тој успеаа да стави печат на победата.

 8

Екипата на ФК Вардар (2)  генерација 2006 се сретна со екипата на ФК  Куманово 2о12, нашите момци триумфираа со резултат 2-1 (1-1). Hа почетокот поведе екипата на Куманово по една грешка на нашата одбрана. Потоа вардарци напаѓаа и тоа резултираше со чести исфрлања на противникот кои  направија три корни. Добивме казнет удар, пеналот во гол за 1-1 го претвори Никита Патаровски кој биеше силно и сигурно за изедначување 1-1. Со овој резултат се замина на одмор.

Во вториот дел целосна доминација на теранот имаа момчињата во црвено-црни дресови. Прилики за гол во вториот дел имаа Олег Михајловски, Mарко Митев и Михаел Танчев, сепак нивните удари не беа претворени во погодок. На крајот сепак инцијативата вроди со плод,  по една добра акција Александар Mиовски постигна гол за водство од 2-1. Токму со тој резултат се оконча и оваа средба.