Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Повозрасната екипа на РК Аеродром во последните минути го скршија отпорот на помладите пионери на Вардар Јуниор
Повозрасната екипа на РК Аеродром во последните минути го скршија отпорот на помладите пионери на Вардар Јуниор

Повозрасната екипа на РК Аеродром во последните минути го скршија отпорот на помладите пионери на Вардар Јуниор

Помладите пионери на Вардар Јуниор доживеа пораз на натпревар одигран на Кале, против поворасната екипа на Аеродром. Избраниците на Зоран Петковски беа поразени со резултат од 18:24.

Неизвесен натпревар гледавме во првото полувреме во кое се играше гол за гол на двете страни. Вардар го отвори резултатот со гол на Андреј Петрушевски, а противникот од Аеродром врати со серија од два голови, за прва предност од 1:2. Одличен на голот на Вардар беше Никола Спасовски кој фати неколку зицер удари на гостинот и одржуваше резултатска рамнотежа на овој меч. По 12 минути игра резултатот на семафорот беше 4:4, откако од седум метри погоди Христијан Петковски. Во следните пет минути двете екипи постигнаа по два гола, а за Вардар стрелаше и нововлезениит Матеј Трајановски, кој го израмни резултатот на 6:6. Тренерот Зоран Петковски во текот на целиот прв дел во нападот играше без голман. За прв пат на мечот Аеродром успеа да поведе со два гола разлика (6:8), за во следниот напад со својот втор гол, Трајановски да го намали резултатот на 7:8. По првото полувреме гостинската екипа имаше водство од 7:9.

Во вториот дел дојде до израз возраста кај Аеродром, кој успеа да го скрши нашиот отпор и на крајот да слави победа. Вториот дел со одбрана од седум метри го отвори голманот на Вардар, Спасовски кој сигурно заслужува голема оценка за денешниот дуел. Вардар брзо ја анулира негатива и со погодоците на Петковски и Петрушевски го израмни резултатот на 9:9. Последното израмнување на натпреварот се случи при резултат од 11:11. Големи проблеми на противничката одбрана правеше нашиот пикер, Стојменов кој изнуди во три наврати удар од седум метри и исклучување за гостинските играчи. Аеродром започна да игра пресинг на нашата половина и тоа им даде резултат, кога повторно ги имаа оние два гола предност од првиот дел. Во 30 минута, младите вардарци се доближија на само еден гол негатива, но гостинот со серија од 0:3 за прв пат на натпреварот се одлепи на 14:18. Вардар не се предаде и со двата гола на Гочев намалија на 16:18, но аеродром постигна пет последователни голови и зголеми на 16:23, по што беше јасно кој ќе ги освои бодовите на овој натпревар. На крајот конечниот резултат гласеше 18:24.

Христијан Петковски беше најдобар стрелец кај Вардар со 5 голови. Ова беше четврти пораз за пионерите на Вардар Јуниор во гурпата. Сепак евидентен е напредокот кај оваа нова генерација на Вардар, момчиња родени 2004/05 година кои се натпреваруваат во генер. 2002/03. На првиот дуел во есенскиот дел бевме поразени со 36:10 од истиов противник, а денес во најголем дел од дуелот им бевме рамноправни.

Вардар: М.Стојановски 1, Табаков 1, Славевски 1, Младеновски 1, Гочев 3, Тодоровски, Спасовски, Петрушевски 2, Трајановски 2, Колевски 1, Стојменов, Петковски 5, Спасовски 1, Велковски, П.Стојановски