Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Две убедливи победи за ФК Вардар генер. “2007“, на стартот од пролетниот дел во детската лига
Две убедливи победи за ФК Вардар генер. “2007“, на стартот од пролетниот дел во детската лига

Две убедливи победи за ФК Вардар генер. “2007“, на стартот од пролетниот дел во детската лига

Вардаровата генерација родени “2007“ година со две убедливи победи го стартуваа пролетниот дел од сезоната во детската фудбалска лига. На терените на ФФМ, избраниците на Томче Трајановски ги победија екипите на Њу Старс (2) и Еуроспорт од Куманово.

Вардар (1) беше подобар на натпреварот, на кој се сретнавме со екипата на Њу Старс (2). Алексеј Ивановски беше момчето кој го отвори резултатот на овој натпревар, за водство на Вардар од 1:0. При една акција шутираше Војо Стојановски, но голманот одбрани, што значеше и трета корна, а судијата покажа на белата точка. Тренерот Трајановски довербата му ја даде на голманот, Лука Јаневски кој се врати на теренот по повредата која ја имаше. Лука биеше силно и ја погоди стативата од голот на Њу Старс. Следеа шанси за Петар Котевски и Стефан Младеновски, но резултатот остана непроменет.

vardarfans-2

Сепак во следната прилика, Младеновски успева да постигне гол и да го зголеми резултатот на 2:0. На голот претходеше слободен удар кој го изведе Грашески, која ја погоди гредата, а одбиената топка во голот на смести Стефан Младеновски. Третиот погодок за предност од 3:0 исто така беше дело на Стефан Младеновски, кој го зголеми резултатот на 3:0. Во листата на стрелци се запишува и Милош Спасовски за предност од 4:0, додека хет-трик во првиот дел зад името на Стефан Младеновски, за резултат од 5:0 на полувреме.

vardarfans-1

Емир Шаботиќ прв беше во можност да постигне гол, но пречката беше сојузник на противникот да нема поголема негатива, а во прилика се најде и Војо Стојановски кој бие покрај голот. Сепак Шаботиќ успева да се запише во листата на стрелци и да го зголеми резултатот на 6:0. Прв гол на овој дуел и за Филип Кузаревски, кој го зголеми резултатот на 7:0, додека во нашиот состав во листата на стрелци се запиша и голманот, Даниел Исајловски, кој погоди од пенал, за водство од 8:0, а од истата позиција не успеа да реализира Петар Котевски. Со својот втор гол на денешниот натпревар, Филип Кузаревски ги постави конечните 9:0.

На вториот дуел, екипата на Вардар (2) успеа да слави против Еуроспорт од Куманово. И на овој меч ја имавме доминацијата и најголем дел од играта на теренот. По првото полувреме го најавивме триумфот, кога имавме високи 5:0. Натпреварот со погодок го отвори Михаил Јордановски, кој му донесе водство на Вардар од 1:0. Продолжи офанзивната игра во овој дел од натпреварот, а следните два гола на мечот беа дело на Драган Лебариќ, за веќе водство од 3:0. Шанса да се запише во листата на стрелци доби и голманот, Јовица Спасовски, кој погоди од пенал за предност од 4:0, откако противникот направи три корни. Резултатот од 5:0 по првите 25 минути ги постави Никола Јовановски, со својот прв гол на мечот.

Имавме контрола на играта и во второто полувреме, кога не им дозволивме на кумановчани да се изнаиграат. Во листата на стрелци успева да се запише и Лео Манчев, со својот прв гол, за предност од 6:0. Истиов играч се обиде да постигне и нов гол, но неговиот удар завршува само покрај голот на Еуроспорт. Шансите пред противничкиот гол се редеа, а Лебариќ имаше исто така добра можност, кој со глава биеше над голот. Најубавиот гол на овој дуел го постигна Марко Крстевски кој од прекин бие во аголот и го совладува голманот на кумановчани, за зголемување на резултатот на 7:0.До крајот на дуелот уште два гола во мрежата на противникот. Најпрво на 8:0 со својот прв гол зголеми Иван Стојановиќ, за конечниот резултат од 9:0 да го постави Никола Јовановски, за кој ова денес беше втор гол.