Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Пионерите на РК Вардар со нов убедлив триумф во дуелот со Велес 2009 сигурно чекорат кон првото место во групата, кое носи пласман на Ф4
Пионерите на РК Вардар со нов убедлив триумф во дуелот со Велес 2009 сигурно чекорат кон првото место во групата, кое носи пласман на Ф4

Пионерите на РК Вардар со нов убедлив триумф во дуелот со Велес 2009 сигурно чекорат кон првото место во групата, кое носи пласман на Ф4

Пионерите на РК Вардар стигнаа до својата десетта последователна победа, во рамките на групата 1 од пионерската лига. На Кале ја совладавме екипата на Велес 2009 со резултат од 30:8, што беше десетта победа во серија за пионерите оваа сезона.

Натпреварот со гол го отвори Бојан Чакалиќ, а Вардар поведе и со 2:0, за својот прв гол на натпреварот да го постигне екипата на Велес и тоа во петтата минута од мечот, за намалување на 2:1. Во следните 12 минути, вардаровите пионери направија серија од 8:0 и во 17 минута веќе имаа убедливо водство од 10:1. Иако во еден дел од натпреварот, избраниците на Будимир имаа и двајца играчи помалку на теренот, сепак гостинската екипа од Велес не можеше да постигне гол, а одличен на голот на Вардар беше и Леонид Чорогунов. Втор гол на натпреварот во 18 минута постигна екипата на Велес, а до крајот на првиот дел направија и серија од 1:3, за на одмор да се замине со резултат 11:4.

Димитриевски имаше можност да го постигне првиот гол во второто полувреме, но не успева да погоди зицер удар и тоа од контра-напад, односно голманот на Велес беше поуспешен. Првиот гол во вторите 20 минути ги постигна Димчевски за предност од 12:4, серијата за избраниците на Будимир во второто полувреме траеше до 20:4, кога на семафорот стоеше 28 минута од натпреварот. Во овој период расположен за голови беше Дамјан Димитривски, кој постигна три голови. Веќе во следната 29 минута, прв гол за гостинскиот тим кој намали на 20:5. На голот застана и Бране Трифуновски кој забележа три одбрани, додека вардарци со нова серија од 4:0 и со погодокот на Савревски зголемија на 24:5, а активен беше и Симон Калајџиески кој преку контра-напади постигнуваше голови за црвено-црните. Последните минути беа рутина за нашите пионери, кои на крајот слават победа, со резултат од 30:8.

Давид Савревски со 7 и Симон Калајџиески со 6 голови беа најефикасни играчи во нашиот состав. Со овој триумф се зацврстивме на првото место на табелата и сигурно чекориме кон првото место на табелата кое носи пласман на завршниот турнир. Во следното коло се игра дербито со екипата на Металург Јуниор.

Вардар: Јовевски 1, Мишевски 3, Чакалиќ 3, Павловски, Трајановски 1, Жерновски 1, Петков 1, Димитриевски 3, Чорогунов, Србиновски 2, Грујовски, Савревски 7, Димчевски 2, Мирчевски, Трифуновски, Калајџиески 6,