Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар им се врати на победите, Блажевски донесе три бодa
Вардар им се врати на победите, Блажевски донесе три бодa

Вардар им се врати на победите, Блажевски донесе три бодa

Tимот на Вардар им се врати на победите во ПМФЛ, откако попладнево “црвено – црните” со резултат 1:0 (1:0) ја совладаа екипата на Ренова. Голот за Вардар го постигна Блажевски во 23. минута од мечот.

По првиот дел Вардар имаше предност од 1:0 со голот на крилниот играч Дејан Блажевски. Во првите 45. минути Вардар ја имаше топката во свој посед, искреира повеќе шанси за гол, додека пак гостинот воглавно преку контри и полуконтри ја бараше својата шанса. Во првиот дел за одбележување беше голот на Блажевски во 23. минута, Максимов од десната страна по земја ја упати топката на петерецот каде што после несогласувањето на одбраната на Ренова, Блажевски погоди во празниот гол. Ренова единствените две шанси ги имаше во 42. минута, најпрвин Гафури шутираше а потоа и Нафиу, со две одлични одбрани Гачевски спречи гол на противникот.

fkv

Уште на стартот од вториот дел, во 49. минута Вардар имаше добра шанса да зголеми и на 2:0, Битанг одлично го пронајде Максимов кој што шутираше само над голот на противникот. Во следните 20-сетина минути Вардар се закани одново преку Битанг од далечина и Барсегјан, но нивните удари завршија надвор од рамката на голот на Велии. Во 82. минута одново Битанг се закани, сакаше да центрира, а топката за малку не заврши во голот на Ренова. Во 85. минута и ново влезениот Марковиќ се обиде од далечина но и неговиот удар заврши покрај голот на противникот. Со резултат 1:0 заврши овој дуел.