Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФК Вардар на 208.местото ја заврши 2018 на УЕФА ранкинг листата
ФК Вардар на 208.местото ја заврши 2018 на УЕФА ранкинг листата

ФК Вардар на 208.местото ја заврши 2018 на УЕФА ранкинг листата

Оваа 2018 година нашиот ФК Вардар ќе ја заврши  на  208-та позиција според Европската Куќа на фудбалот. Губењето на титулата и лошата европска фудбалска есен не ни дозволија да напредуваме во ова рангирање.

Шкендија е на 177.место со коефициент 6.000, следиме ние со 5.000 коефициент, после нас од македонските преставници е ФК Работнички кој е на  на 239.место. За  УЕФА ранкинг листата се земаат в предвид резултатите во последните пет сезони на клубовите кои се рангираат. За разлика од другите два тима кои ги спомнавме кои имаат пад во однос на лансото рагирање, црвено-црниот тим остана на местото каде што и беше претходно.

Домашниот фудбалски  шампионат е рангиран на 34.место во Европа според УЕФА.