Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Пионерите на РК Вардар имаа одличен старт на турнирот во Белград, две победи за избраниците на Зоран Петковски
Пионерите на РК Вардар имаа одличен старт на турнирот во Белград, две победи за избраниците на Зоран Петковски

Пионерите на РК Вардар имаа одличен старт на турнирот во Белград, две победи за избраниците на Зоран Петковски

Машката пионерска екипа на РК Вардар со две победи стартуваше на силниот меѓународен турнир “Трофеј Белград„. Избраниците на Петковски и Бисинов успеаа да ги добијат првите два натпревари во рамките на групата Д.

Најпрво утрово за прв противник го имавме тимот на Вождовац кој го совладавме минимално со резултат 10:9. На овој меч постојано имавме предност и на крајот заслужено стигнавме до победата. На полувреме црвено-црните имаа солидно водство од 6:2. Се играат две полувремиња по 15 минути и 5 минути одмор помеѓу двата дела. На вториот меч се сретнавме со екипата на Рибница, која ја победивме убедливо со двоцифрена разлика (22:12). Тука имавме контрола во текот на сите 30 минути и целосно го надигравме противникот. По првите 15 минути пионерите на Вардар беа во предност од 9:5.

Во текот на утрешниот ден ги играме останатите два натпревари од групата. Противници се екипите на Шрам од Словенија и Партизан од Белград. Решавачки за првото место во групата кое носи пласман во полуфиналето ќе биде утринскиот дуел против екипата на Шрам, кој започнува од 09:35 часот.