Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > По една победа и пораз за пионерките на Вардар на отварањето на турнирот “Трофеј Белград„
По една победа и пораз за пионерките на Вардар на отварањето на турнирот “Трофеј Белград„

По една победа и пораз за пионерките на Вардар на отварањето на турнирот “Трофеј Белград„

Женската пионерска екипа денес ги стартуваше настапите на турнирот “Трофеј Белград„ за ракометарки родени 2004/05 година. На првиот натпреварувачки ден одигравме два натпревари на кои забележавме по една победа и пораз.

Турнирот го отворивме со победа против екипата на Браник, со конечен резултат од 12:11. На полувреме нашите пионерки исто така беа во предност со резултат 7:5. На овој дуел најефикасни во редовите на Вардар со по 3 постигнати голови беа сестрите Бојана и Борјана Коцева, додека два гола беа дело на Александра Коловска и Мила Пешиќ. По еднаш во листата на стрелци се запишаа Бојана Радевска и Зорица Андовска

Вториот меч го загубивме со идендичен резултат од екипата на ОРК Белград. Во еден неизвесен дуел на крајот победа му припадна на противникот со резулат 11:12.

Во текот на утрешниот ден не очекуваат натпревари против екипите на Крка и Црвена Ѕвезда.