Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардарци ги очекуват четири “формални“ меча во ПМФЛ, на 31.мај со Силекс прослава на пехарот со навивачите
Вардарци ги очекуват четири “формални“ меча во ПМФЛ, на 31.мај со Силекс прослава на пехарот со навивачите

Вардарци ги очекуват четири “формални“ меча во ПМФЛ, на 31.мај со Силекс прослава на пехарот со навивачите

Фудбалскиот клуб Вардар веќе минатото 32.коло на четири рунди до крајот со победата против скопскиот ривал екипата на ФК Македонија Ѓорче Петров ја завери новата титула. Ние станавме старо-нов шампион освојуваќи ја 11-та титула првак на земјата, односно 10-та фудбалска круна во македонската прва фудбалска лига. До крајот остануаат уште четири кола кои се чиста формалност.

Во истите не очекуваат интересни мечеви, градското дерби со Работнички дома, македонското со ФК Пелистер в гости и дуели со Ренова и Силекс. Се очекува Гоце Седлоски да им даде прилика во овие кола на играчите со помала минутажа оваа сезона и на некои младите надежи од младинските екипи на ФК Вардар кои би имале прилика да играт сениорски првенствен дуел. За напомена денес гостуваме во градот Велес кај екипата на ГФК Борец како дел од нивната прослава за влезот во втората македонска фудбалска лига.

fk2

 Прославата со навивачите и најверојатно доделбата на пехар е подготвена за последното 36-то коло кога  Вардар ја пречекува екипата на ФК Силекс од Кратово. Тој дуел ќе се игра на  31-ви мај со почеток во 16 часот и 30 минути. Распоредот на последните четири кола изгледа вака:

  • 33.коло, Работнички-Вардар 14-ти мај 
  • 34.коло, Вардар- Ренова  21-ви мај
  • 35.коло Пелистер-Вардар 18-ми мај
  • 36.коло Вардар-Силекс 31-ви мај