Црвено-црниот фудбалски колектив посветен е целосно на создавање млади фудбалски надежи во својата младинска школа како никогаш досега. Академијата на ФК Вардар одкако доби просторни услови на највисоко ниво со терени, одлични соблекувални, тренерска екипираност и друго реши да го прошири опсегот и освен со децата кој се сега во тимовите да работи со нови кои би се запишале во Академијата би добиле услови, а воедно и шанса доколку се квалитетни да станат дел од вардаровите фудбалски тимови. По тој повод ќе се организира отворен ден за запознавање на родителите со можноста, условите и предностите децата фудбалската игра да ја изучуваат во Академијата на фудбалскиот клуб број еден во републиката. Од клубот за овој нaстан во информацијата го велат следното:
Фудбалската Академија на ФК Вардар ги отвора вратите за сите заинтересирани родители чии деца сакаат да бидат дел од нашиот победнички тим. Пред да го запишете Вашето дете, дознајте каде ќе го поминува времето кога не е во училиште и со кого.
Во среда, 24 август, Фудбалската Академија организира „Отворен ден“ за своите идни членови и нивните родители. Откријте во какви услови тренираат Вардарци, од што се состои тренажниот процес и како се одвива. Запознајте се со тренерите кои и самите биле почетници, а денеска ги предводат младите категории предодредени за шампиони.
Донесете го детето во среда во Фудбалската Академија. Нека ја почувствува тревата од терените на Вардар и нека одлучи дали ќе остане со најдобрите. Ние гарантираме можност за секого.