Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Победа и реми за ФК Вардар генер.2010 во Детската лига
Победа и реми за ФК Вардар генер.2010 во Детската лига

Победа и реми за ФК Вардар генер.2010 во Детската лига

Денес на терените на ФФМ, во рамки на детската лига ФК Вардар генер.2010 одиграа два меча. Момците кој ги предводи Михајлов Стефан имаа една убедлива победа и едно реми со добра игра.

a

Вардар (1) генер. “2010„  го совлада убедливо ФК  Њу Старс со 12-2. На почетокот имавме по една прилика преку Чедевски Матеј и Стефан Ристиќ кои не ги претворивме во гол. Противникот казни и ни поведе со 0:1 на овој дуел. На сцена стапи Ристиќ Стефан кој најпрвин изедначи на 1:1, а потоа направи целосен пресврт со голот за 2:1. Голема шанса имаше Гечев Драган неговиот удар мина крај голот на противникот.  Следеа три гола ѕа црвено црните, Трајков Константин, Марко Јовановски и Марковиќ Далибор стрелаа за 5:1. До крајот единствено имаше намалување на нашата предност на 5:2 со овој резултат заминавме на пауза.

a3

Во вториот дел отвори Трајков Константин со гол 3а 6:2, ние имавме повеќе од играта креиравме прилки и одлично погодувавме. Двајца играчи во продолжение постигнаа по два гола едно по друго, најпрвин со двата гола на Далибор Марковиќ поведовме со 7:2 и 8:2. Потоа два гола “испорача“ Чедевски Матеј со неговите погодоци нашата предност отиде на 10:2. Во последните минути Марковиќ и Трајков Константин со по еден гол ги поставја конечните 12:2 на оваа средба во детската лига.

a2

ФК Вардар-2 одигра реми 2-2 со Шкупи. Дуелот почна со цврста игра, се играше тврдо без многу прилики за гол. Максим Митревски прв имаше шанса која не успеа да ја претвори во гол за нас. Потоа се обиде Васовски Петар и неговиот удар не донесе водство. Успеавме да поведеме со 1-0 токму со голот на Васовски. По една конфузна ситуација во ншата одбрана ривалот изедначи на 1-1. До крајот за одбележување беше и шансата на Лука Пацевски кој со глава шутна крај голот на противникот. Со реми 1-1 заминавме на пауза на оваа средба од детската лига.

a5

Вториот дел почна со одбрана на Македон Симев на нашиот гол, кој фати една тешка топка на почетокот. Преку Јосифовиќ Лука успеавме да се вратиме во водство, тој погоди за наша предност со 2-1. За жал веќе во следниот напад Шкупи успеа да ја врати резултатскта симетрија и изедначи на 2-2. На нашиот гол Пацевски Лука имаше одлична интервенција со која испеавме да се одбраниме и да спречиме пресврт во тој момент. Голема прилика имаше  Јован Спасевски за црвено-црните која не донесе водство. Имавме слоден удар, Пацевски шутна силно топката го мина живиот ѕид и за наша несреќа заврши во гредата.  Потоа истиот играч изведе нов слободен удар,  но топката завши во ѕидот, таа беше последна шанса мечот заврши реми 2-2.

a4