Навивачката група број еден во Македонија, Комити Скопје на својата официјална страна најавија масовно присуство на денешниот дуел со екипата на Барселона. Покрај тоа ќе се донираат средства за Саздо, како и за поредените Комити во сообраќајна несреќа, па билетот за Комити ќе чини 150 денари. Комити биле и ќе останат осми играч на РК Вардар, многу тешки битки добиле заедно, тие се ветер во грб на играчите, кои денес треба да остават срце на терен. Несомнено Барса ја очекува вистински пекол во Јане Сандански.
Само да потсетиме како беше пред пет години, кога истиве екипи одиграа со нерешен резултат, во во С.Ц. Борис Трајковски.