Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Историја > Историја! ФК Вардар го освои младински куп на СФРЈ-1984, а Панчев испиша историја
Историја! ФК Вардар го освои младински куп на СФРЈ-1984, а Панчев испиша историја

Историја! ФК Вардар го освои младински куп на СФРЈ-1984, а Панчев испиша историја

Mлада вардарова генерација во сезоната 1983/84г направи голем успех во тогашна Југославија.Таа сезона стигнавме до првиот трофеј во младинскиот Куп со триумфот од 3-2 против ФК Војводина. Мечот од финалето се одиграл на стадионот на Црвена Звезда во Белград на 24 мај 1984 година.
Кој друг ако не Дарко Панчев го донесе триунфот со два гола во 22-та и 67-та минута пд мечот, а еднаш стрелаше и Љупчо Марковски во 25 минута. Вардариот триумфот и освојувањето на овој трофејот беше најава за следните години во кои црвено-црните прво ќе се изборат за место во Европа, а потоа ќе стигнат и до шампионската титула во слваната 1987 година.
На мечот во Белград, Вардар играше во состав: Мутибариќ Слободан, Домазетов (Арсов), Стојановиќ, Марковски, Стојанов, Мишевски, Србовски (Сулејманов), Аврамовски, Панчев, Трајковски, Јовковски.
На овој дуел младата екипа на Вардар за финалето ја засили легендата Панчев, кој шест дена по освојувањето на овој трофеј, влезе во светската историја. Со 19 голови за сениорскиот тим , со само 18 години и 266 денови стана најмладиот најдобар стрелец во еден шампионат. Првпат во својата кариера ја освои „златната копачка“ во Југославија и ги најави блескавите моменти. Панчев во таа сезона за Вардар им даде гол на сите гиганти, стрелаше еден хет-трик, четирипати погоди по два гола, а на вкупно 13 екипи им даде гол за да се промовира во најдобар стрелец.