Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Димче Мешкоски: “Јуниор лигата“ е од големо значење, посебно за талентираните млади фудбалери кои преку оваа лига можат да го остварат и нивниот најголем сон
Димче Мешкоски: “Јуниор лигата“ е од големо значење, посебно за талентираните млади фудбалери кои преку оваа лига можат да го остварат и нивниот најголем сон

Димче Мешкоски: “Јуниор лигата“ е од големо значење, посебно за талентираните млади фудбалери кои преку оваа лига можат да го остварат и нивниот најголем сон

Уште еден играч од “Јуниор” лигата на почетокот на новата сезона ја засили Вардаровата генерација родени “2003“ година. Се работи за Димче Мешкоски кој дојде од фудбалската школа Еврофудбал од Охрид. Новиот проект на нашиот клуб се повеќе ги дава потребните резултати, каде се зголемува бројот на играчи кои преку “Јуниор“ лигата ги засилуваат младинските екипи на ФК Вардар. После Лео Андрески, ова момче е уште едно од школата на Охрид кој преминува во Вардар и е стандарден во составот на екипата која ја преводи Томче Трајановски. Настапува на позицијата централен дефанзивец. Во следново интервју ве запознаваме со Димче Мешковски кој преку настапите во Јуниор лигата ја засили генерацијата на ФК Вардар родени “2003“ година.

1. Дали фудбалот беше ваша прва желба и што најмногу ве потикна да започнете да се занимавате со овој спорт ?

-Од кога знам за себе јас се занимавам со фудбал. Најпрво сето тоа беше низ детска игра, начин на дружење.Тоа беше игра која ми го пополнуваше слободното време за постепено тоа да биде дел од мојот живот. Како секое дете и јас имав свои идоли, фудбалери од кои секогаш го издвојував Давид Луиз. Тој беше мотив за повеќе да се занимавам со фудбал.

vardarfans-evrofudbal

2. Каде беа првите фудбалски почетоци и под водство на кој тренер ?

-Моите почетоци датираат од мојата шест годишна возраст во “Eврофудбал” под водство на тренерот Александар Вељаноски.

3. Како ја гледате фудбалската игра и дали имате посебна визија за успех во фудбалот ?

-Toa e игра во која секогаш треба да победи најдобриот. Една фер, коректна игра каде ќе се истакнат дружењето, пријателството во преден план, како и градењето на здрав спортски дух.

vardarfans-meskoski

4. Како се случи да преминете во Вардаровата генерација “2003“. Какво е вашето мислење за “Јуниор“ лигата, преку која успеавте да играте за Вардар. Колку истата има значење за развојот на фудбалот во Македонија ?

-Како истакнат фудбалер од Еврофудбал бев забележан од професионалните лица на Вардар Јуниор лигата. Што се однесува до моето мислење станува збор за една професионална, доста организирана лига, со еден збор се најдобро во секој поглед. Оваа лига е од големо значење посебно за талентираните млади фудбалери кои преку оваа лига можат да го остварат и нивниот најголем сон, да успеат да играат во некој од европските шампиони.

5. Колку значи за вас играњето во Вардар и дали сте имале желба да настапувате за овој клуб ?

-Од секогаш Mакедонскиот фудбал беше поистоветен со Вардар како тим. Вардар е синоним за македонскиот фудбал и во секој млад човек се крие желба за да заигра во Вардар.

vardarfans-gener-20031-660x330

6. Едно ваше видување за изминатата полусезона со Вардар, каде станавте есенски шампион и се пласиравте во полуфиналето на купот ?

-Оваа полусезона беше доста успешна во секој поглед, но секогаш се може подобро и тоа го ветуваме за пролетниот дел.

7. Како се вклопивте во новата средина, каде се повеќе се наоѓата во стартниот состав кој го предводи тренерот Трајановски ?

-Секој почеток е тежок но со тек на време а воедно и со многу труд ја постигнав мојата цел да станам дел од Вардар клубот каде што секојдневно сме исполнети со многу дружење а и напорна работа која секогаш се исплаќа секако со голема поддршка и труд на прекрасниот тренер Томче Трајановски.

vardarfans-tekst

8. Какви планови и цел имате зацртано за во иднина ?

-Мојата иднина ја гледам во Вардар и сум врзан со плановите на Вардар како најдобриот организиран фудбалски клуб со надеж да прераснеме и како најдобар европски клуб.

9. Освоивте турнир кој беше во организација на Гази Баба. Како го видовте учеството на истиот ?

-Турнирот беше солидно организиран,помина во најдобар ред. Се прикажа доста добар фудбал со солидна посетеност и посакувам уште многу многу такви турнири.

Звонко Ивановски