Како што објавивме претходно двајца играчи на РК Вардар се најдоа во идеалниот тим на СЕХА-лигата за месец декември. Стандардно секој месец тимот на СЕХА прави избор на идеалниот тим во ова натпреварување. Таму за прв пат место имаше за левиот бек на црвено-црните, Вуко Борозан како и за нашиот среден бек, Хрватскиот репрезентативец Игор Карачиќ. Овие двајца играчи се сметаат како едни од подобрите на Вардар за последниот месец во годината. Вардарци во декември одиграа четири натпревари на кои забележаа две победи, еден нерешен резултат и еден пораз, кој беше и единствен за нив во СЕХА-лигата. Бодовите ги поделивме со Веспрем на гостувањето во Унгарија, додека победи забележавме во дуелите со Целје и оној последен во годината против екипата на Брест Мешков.
Погледнете го видеото со најдобрите седум ракометари за месец декември во СЕХА-лигата.