Ретко кој може клуб во Европа може да помисли, а камо ли да реализира голем турнир на кој ќе се појават над 1200 дечиња во различни категории, во машка и женска конкуренција. Вардар има над дваесет регионални школи низ земјава и сите нив ќе ги спои во еден голем настан, зимскиот турнир „Вардар-Една љубов – еден живот“.
Масовноста на овој проект бараше голема инфраструктура, па затоа во два викенда во дури пет различни сали ќе се одигра овој најголем црвено-црн настан во нашето семејство воопшто одржан. Ова е веќе трета година по ред како на ќе се одржува најголемиот ракометен турнир во Македонија „Една љубов – еден живот” . Истиот е во целосна организација на Ракометната академија Вардар. Колку сериозно се работи со младите е показател овој турнир, под капата на црвено-црните тренираат над 1200 деца од кој се “црпи“ квалитет за младите екипи и се создаватт идни првотимци. Според планот викендите на 14 и 15 јануари, и 21 и 22 јануари ќе бидат деновите кога ќе се реализира овој мега настан. Сали во кој ќе се игра е следниве: малата и големата сала на спортскиот центар „Јане Сандански”, и во салите на спортските центри Кале, и Основните училишта „Круме Кепески” и на „Невена Георгиева – Дуња”. Тимовите кои играт во мешан состав, момци и девојки најмалата генерација 2006/09 ќе играат само во салата „Невена Георгиева – Дуња”, сите останатите генерации што ќе играат на турнирот се 2000/2001, 2002/2003 и 2004/2005 и ќе играат во останатите сали. Ќе учествуваат деца од сите регионални единици од Републиката без исклучок кои се дел од Ракометната академија Вардар.