Во новата сезона по двомечот со Динамо Загреб одигравме три домашни мечеви, а во среда на програмата е четвртиот меч во домашните натпреварувања. Во првите три мечеви игравме дуели во Првата македонска лига, на кои освоивме седум од девет бода за втората позиција на табелата во домашниот шампионат. Задутре не очекува прв меч и во Купот на Република Македонија во сезоната 2016/2017.
Играме во првата шеснаесетфинална рунда од најмасовното натпреварување, дуелот во кој се среќаваме со тетовскиот нисколигаш Скендербегу Порој ќе се игра на 24-ти август, среда. Истиот нема да се игра како што претходно беше најавено на теренот во селото Порој туку на Градскиот стадион во градот Тетово. Фудбалската федерација на земјава ги одреди и судиите за овој меч од првата рунда во Купот на земјава. Главен судија е делегиран стружанецот Качевски Јован, него ќе му помагаат во арбитрирањето неговите сограѓани Мацевски Ацо и Бакрачески Разме, четврти судија на дуелот е Ецкоски Марјан од Охрид. Во оваа прва шеснаесетфинална рунда се игра еден меч чии победник иде во осминфиналето од купот каде се игра двомеч дома-гости. Двојките за следната втора етапа во најмасовното натпреварување се одредуваат со дополнителна ждребка која ФФМ по крајот на оваа рунда ќе ја закаже и реализира во својте простории. Во следното четврто коло викендов во ПМФЛ ќе играме на домашен терен, противник во истотo ни е екипата на штипска ФК Брегалница. Тим кој е прикован на дното по лошиот старт на оваа сезона, и во моментов се наоѓа во зоната на испаѓање со еден бод. Досега вардарци на првите три меча постигнаа пет гола, сите пет гола имаа различен стрелец последен кој се придружи на Којашевиќ, Новак, Балотели и Глигоров беше Фелипе кој го реши дуелот во Битола со Победа од Прилеп. Досега имаме само еден примен погодок што е втор скор во лигата на почетокот од сезонава.