Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФК Вардар доби од ФФМ лиценца за Европа
ФК Вардар доби од ФФМ лиценца за Европа

ФК Вардар доби од ФФМ лиценца за Европа

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го изврши лиценцирањето на клубовите кои во сезоната 2017/2018 може да играат во некој од европските купови. Црвено-црниот фудбалски колектив без проблеми ја минаа оваа формалност.

Нашиот фудбалски клуб Вардар веќе е шампион на земјава и со тоа доби правo и ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите. Седум клуба испратиле барања за лиценци за Европа,  одобрени се барањата на Вардар, Пелистер, Работнички, Ренова, Силекс и Шкендија. Нашиот вардаров колектив ќе се надева на поволна ждрепка и конечно да мине една рунда во шампионската лига оваа сезона.  Квалификациите за пласман во Лигата на шампионите и Лигата на Европа ќе стартуваат во месец јули, а нашиот противник ќе биде познат некаде во јуни кога ќе биде извршено ждребувањето во ЛШ.