Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Стефан Атанасовски: Сите имавме желба да победиме и тоа на крајот се оствари
Стефан Атанасовски: Сите имавме желба да победиме и тоа на крајот се оствари

Стефан Атанасовски: Сите имавме желба да победиме и тоа на крајот се оствари

Екипата на РК Вардар 2 направи изненадување, совладувајќи ја екипата на Младост, во дербито на првата ракометна лига. Иако противникот важеше за фаворит во пресрет на овој меч, избраниците на Зоран Петковски покажаа дека можат да се носат со било кој тим, без оглед што се работи за тим составен од многу млади играчи кои до минатата сезона беа дел од младинските екипи на Вардар. Не само што успеавме да славиме, туку и целосно го надигравме гостинот, кој важи за најголем претедент за влез во најсилната супер лига од следната сезона. Во еден момент од мечот имавме и највисоки девет голови разлика, додека на крајот конечниот резултат гласеше 30:24. Во овој триумф со три постигнати голови, учествуваше пикерот на Вардар, Стефан Атанасовски кој за нашиот сајт ги сподели впечатоците од големата победа против Младост.

-Натпреварот беше тежок, секако дека очекувавме победа, а резултатот не го гледавме. Сите имавме желба да победиме и тоа на крајот се оствари. Иако Младост е лидер во првата лига и екипа за која настапуваат поранешни репрезентативци, тоа не не обесхрабри. Напротив ни даде дополнителен мотив да дадеме максимум за да одиграме добар натпревар. Со исклучок на првите 20 минути каде мечот беше израмнет и се играше гол за гол, до крајот на дуелот го надигравме противникот и имавме целосна контрола на резултатот. Ги слушавме советите на нашиот тренер, Петковски кој тактички добра ја постави нашата игра и ги затвори двајцата најопасни играчи на Младост. Секој од нас даде свој придонес и има подеднаква заслуга за ова голема победа, која многу значи за оваа млада екипа на Вардар.

Интересно Стефан има само 17 години и ова за него е прва година, како активно игра ракомет. Тренерот Петковски го препозна неговиот потенцијал и карактеристиките кои ги поседува. Стефан игра на позицијата пикер и е висок 2.07 метри. Претходно има тренирано кошарка. Интересен играч кој влева надеж дека со напорна работа може да прерасне во сериозен и врвен ракометар.

-Мислам дека сме пријатно изненадување оваа сезона и никој не очекуваше дека ке бидеме на ова место. Задоволен сум од својот напредок, но секогаш може подобро. Ова ми е прва година како тренирам ракомет и секако дека треба да работам уште многу, ако сакам да стигнам до потребното ниво. Благодарност и до тренерите Петковски и Чивлачки кои го препознаа мојот потенцијал и ми дадоа можност серизно да влезам во ракометот. Настапите во првата лига се од големо значење за мене како играч кој е речиси почетник во овој спорт.

Звонко Ивановски