Тројца ракометари на Вардар се најдоа во изборите за најдобри на своите позиции, во лигата на шампионите за оваа натпреварувачка сезона. ЕХФ е во потрага за најдобриот тим оваа сезона во најголемото ракометно натпреварување, а фановите ќе имаат можност со своите гласови да го изберат идеалниот тим. На позицијата лево крило е номиниран Тимур Дибиров, кој е наш втор најефикасен играч до овој момент. Најдобриот стрелец на Вардар оваа сезона, Алекс Душебаев се најде во изборот и можноста да се бори за најдобар десен бек во лигата на шампиони. Играчот кој е “срце“ во одбраната на црвено-црните, борбениот Илија Абутовиќ е номиниран на позицијата за најдобар одбранбен играч. Репрезентативецот на Србија го продолжи договорот со Вардар на уште три сезони и е еден од најзаслужните за пласманот на Ф4 во Келн. Во конкуренцијата на најдобри тренери за оваа сезона се најде и Раул Гонзалес, кој е предводник на големиот успех на Вардар, кој веќе освои еден трофеј, а на повидок се и уште неколку.
За нашите ракометари и тренерот Гонзалес, можете да гласате на следниот линк, ТУКА.
Гласањето трае заклучно до 30-ти мај. Завршниот турнир во Келн, на програмата е на 3 и 4-ти јуни.