Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Познати саатниците на одигрување натпревари на завршниот турнир од ракометниот куп, ТВ Телма ќе врши директни преноси
Познати саатниците на одигрување натпревари на завршниот турнир од ракометниот куп, ТВ Телма ќе врши директни преноси

Познати саатниците на одигрување натпревари на завршниот турнир од ракометниот куп, ТВ Телма ќе врши директни преноси

Претстојниов викенд ќе се одигра завршниот ракометен турнир од купот на Македонија во машка конкуренција. Денес црвено-црните го играат финалниот натпревар во четвртфиналната група од купот против екипата на Радовиш. Вчера Вардар немаше поголеми проблеми и забележа рутинска победа против Борец. Ракометната федерација на Македонија со посредство на ТВ Телма, како телевија која ќе го пренесува завршниот турнир ги објавија термините на одигрување на полуфиналните и финалниот меч од ова натпреварување. Најпрво со почеток од 17:30 часот во сабота, силите ќе ги одмерат домаќинот Еурофарм Работник и Охрид 2013, додека за 20:30 часот е предвиден да започне мечот помеѓу Вардар и Металург. Големото финале ќе се одигра следниот ден, на 21-ви мај (недела) од 16:30 часот.

Нашиот ракометен шампион го брани трофејот од минатата сезона кога во финалето беа подобри од екипата на Металург. Тој дуел заврши со резултат 31:24, што беше единаесетти трофеј во купот за црвено-црните.