Екипите на Вардар (1) и Вардар (2) од генерацијата “2007“ имаа убедливи настапи во осминафиналните мечеви од детската фудбалска лига, во рамките на елиминациските дуели во скопско-кумановскиот регион. Вардар (1) за противник во осминафиналето ја имаше Викторија, која успеа да ја победи со резултат 8:0, додека нивните соиграчи од Вардар (2) исто така беа сигурни и во оваа елиминациска рунда беа подобри од екипата на Фаст (8:1).
Погледнете ја нашата фотогалерија од двата натпревари: