Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар го совлада Борец и утре преку Радовиш, ќе бара “виза“ за учество на завршниот турнир во купот
Вардар го совлада Борец и утре преку Радовиш, ќе бара “виза“ за учество на завршниот турнир во купот

Вардар го совлада Борец и утре преку Радовиш, ќе бара “виза“ за учество на завршниот турнир во купот

Екипата на РК Вардар продолжува со победите на домашната сцена. Избраниците на Раул Гонзалес денес во спортскиот центар Јане Сандански одиграа натпревар во рамките на четврфиналната група од купот на Македонија. Поради настапите во лигата на шампиони, црвено-црните најдоцна ги играат натпреварите во овој дел од националниот куп. Тие денес немаа проблеми, совладувајќи ја екипата на Борец, со убедливи 48:28.

Борец покажа сила само до средината на првото полувреме, кога интересно имаше и предност од три гола. Сепак Вардарци го засилија темпото на игра и не дозволуваа долг период, противникот од Велес да има предност. Не само што направија резултатски пресврт, туку и до крајот на првото полувреме, имаа солидно водство од осум голови разлика, или резултатот по истекот на првите 30 минути беше 24:16. Во вториот дел му дозволивме на Младост да постигне само 12 голови, додека нашиот шампион се повеќе ја зголемуваше разликата во своја корист. Шанса за игра добија сите ракометари кои беа на располагање за овој натпревар, иако и на денешниот меч тренерот Гонзалес настапи со комбиниран состав. На крајот триумфот се покажа како убедлив, за конечен резултат од 48:28. На овој меч не настапија Ангелов, Циндриќ, Шишкарев, Фереира и Абутовиќ.

Најефикасен на крјаот беше Иван Чупиќ со 10 голови, додека еден помалку или 9 беа за Хорхе Македа.

ВАРДАР: Штербик, Стоилов 4, Недановски 3, Милиќ, Македа 9, Деревен 3, Душебаев 1, Кањељас 3, Чупиќ 10, Дибиров 2, Борозан7, Војводиќ 4, Марсениќ 2.

Во финалето на четвртфиналната група, Вардар ќе се сретне со екипата на Радовиш. Тоа е тимот кој го елиминираше Вардар 2 во истава група. Веќе се познати три патници на завршниот турнир на четирите најдобри екипи. Домаќин на истиот е градот Битола и екипата на Еурофарм Работник, која обезбеди место на Ф4. Истото го сторија и екипите на Металург и Охрид, додека на нив се очекува да се придружи и Вардар. Решавачкиот натпревар со Радовиш на програмата е утре на гостински терен, со почеток од  19:00 часот