Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > На денешен пред една година беше свечено отворена академијата на ФК Вардар
На денешен пред една година беше свечено отворена академијата на ФК Вардар

На денешен пред една година беше свечено отворена академијата на ФК Вардар

ova-e-naslov-660x330

На денешен ден пред точно една година беше свечено отворена новата академија на фудбалскиот клуб Вардар. Истата е лоцирана позади источната трибина на арената “Филип Втори“ и служи за тренинг и одигрување натпревари за сите младински екипи на фудбалскиот клуб Вардар. Академијата ги нуди сите потребни услови за нормален тренажен процес, кои одговараат со високите стандарди какви имаат најголемите клубови ширум светот.

akademija

Дечињата ги имаат најдобрите услови за еден ден да стават врвни фудбалери, кои би заиграле за првиот тим на Вардар и Македонската репрезентација. Во новите простории има четири соблекувални за играчите, како и посебни соблекувални за тренерите во академијата. Воедно, има и простории за раководните лица, како и тераса од која има прегледност на целиот терен и може да се следат тренинзите и натпреварите.Академијата се простира на околу 10.000 квадратни метри, а во овој простор се наоѓаат просториите каде што се соблекувалните и канцелариите, како и еден поголем и еден помал терен. Сето ова е заслуга на господинот Сергеј Самсоненко, кој покрај академијата го изгради и спортскиот центар Јане Сандански, како и новиот спортски комплекс во населбата Хиподром.