Избраниците на шефот на стручниот штаб на црвено-црниот фудбалски колектив Гоце Седлоски одигаа два меча за три дена на подготовките во турскиот спорски центар за зимски подготовки Анталија. Во првиот меч беа поуспешни од австриски Волфсбергер со резулат 3-2, а во вчерашниот дуел со швајцарскиот второлигаш Вил 1900 одиграа реми без погодоци.
Според зацртаниот план за подготовки во Анталија следува еднонеделна пауза со тест-дуели за црвено-црните. Следниот дуел за ФК Вардар е закажан за следниот петок 5-ти февруари со чешкиот тим Слован Либерец. Овој дуел ќе се одигра на теренот на “IC Santai Football Center“ и истиот е закажан со почеток во 14-00 часот по македонско време. Од овој дуел како од двата претходно ќе има директен пренос на видео стрим. Според планот по овој дуел докрај остануваат два дуела и тоа на 8 февруари со Металист Харкив и на 12 февруари со Черноморец Одеса , и двата противника доаѓаат од Украина. На Вардар во следните седум дена му преостануваа шанса за дополнително воигрување и работа на техничко-физичката подготовка на екипата.