Конечно дојде денот за дерби во Македонската кугларска лига помеѓу нашиот Вардар од една страна и тимот кој е шампион речеси деценија и пол Кк Макпетрол. Ова е меч од петото коло во МКЛ, во кое влегуваме со 100% ефект во досегашните четири кола. Дербито на Македонската кугларска лига е закажано за утре 30 јануари на домашен терен во кугларницата при С.Ц “Борис Трајковски“, со почеток во 11-00 часот .
Вардар во истото влегува како лидер на табелата во МКЛ, но и со желба да ја прекине доминацијата на Макпетрол и конечно даго симне од тронот во овој спорт. Вардар фанс во пресрет на овој дуел имаше интервју со претседателот и една од “ударните игли“ кои носи чести победи и решава мечеви за Вардар, фантастичниот куглар Димитар Димитровски. Тој го потенцираше и изјави следново : Натпреварот со екипата на Макпетрол е директен дуел кој често го дава шампионот на Македонија во овој спорт. Нам ни останува надежта дека можеме да одиграме квалитетен натпревар и дека ќе можеме да им парираме во секој дел од натпреварот. Императив на КК Вардар е да се бори за титули и сигурен сум дека секој наш натпреварувач ќе даде 100% од своите можности во овие натпревари. Кормиларот на црвено-црните Драги Димитровски за дербито очекува дека ќе имаме екстремно тежок дуел во кој ке мораме да се надминеме себе за да го победиме шампионот.
Вардар е амбициозен клуб кој постои во ваков формат година и пол со желба повторно црвено-црните бои да бидат доминантни во земјава, затоа повелете на дерби, влезот на истото е БЕСПЛАТЕН, Вардар-Макпетрол во кугларницата при С.Ц “Борис Трајковски“.