Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Здравствениот билтен во Вардар одличен, противникот се соочува со проблеми
Здравствениот билтен во Вардар одличен, противникот се соочува со проблеми

Здравствениот билтен во Вардар одличен, противникот се соочува со проблеми

ФК Вардар в недела ќе го одигра првиот официјален натпревар во 2017 година, вардарци ќе ја пречекаат чаирска Слога. Пред овој прв пролетен натпревар, Вардар нема скоро никакви проблеми со повредени играчи во ростерот. Сите играчи се подготвени да дадат 100% од себе на овој важен натпревар за нашиот тим.

Тимот од Чаир пак, се соочува со проблеми пред овој натпревар. Тренерот Ардијан Нухии нема да може да смета на неколку играчи на овој дуел. Јасир Асани нема право да игра против Вардар, потоа Лазаревски има проблеми со картони, кој исто така ќе го пропушти овој натпревар. Покрај овие двајца играчи, во тимот по се изгледа ќе недостасуваат и Седат Бериша, Никола Илиќ и Емануел Мбеле, кои ова зимо го засилија тимот од Чаир.