Friday ,10 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Официјално: Хмирова, Кликовац и Лазовиќ остануваат во Вардар!
Официјално: Хмирова, Кликовац и Лазовиќ остануваат во Вардар!

Официјално: Хмирова, Кликовац и Лазовиќ остануваат во Вардар!

ЖРК Вардар потврди дека ја продолжува соработката со три ракометарки на кои им истекуваат договорите на крајот на оваа сезона.

Хмирова го продолжи договорот со ЖРК Вардар на уште две дополнителни години, исто така и Кликовац ќе остане во Скопје уште најмалку две сезони. Барбара Лазовиќ пак, и следната сезона ќе го носи дресот со “црвено – црните” бои.

Извршниот директор на Вардар, Давор Стојаноски за клубскиот сајт го изјави следното:

„Вардар го сочува тимот што сезонава е неприкосновен во Европа. Сметаме дека имаме добра комбинација на играчи кои имаат уште потенцијал во себе и можеме заедно да постигнеме уште повеќе. Сакаме да бидеме стабилен клуб кој ќе ги задржи сите што се вклопуваат во нашата стратешка цел – освојување на лигата на шампионите. Задоволни сме од нивните настапи, верувам во иднина ќе покажат уште подобри игри, вели Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.