Своето деби во вардаровите редови Јовановски го имаше во сезоната 1974/1975. На клубските бои им останува верен се до 1986 година кога заминува во турскиот Самсунспор. Најголемиот успех како играч на Вардар го постигнува во сезоната 1984/1985 кога „црвено-црните“ од Скопје, со освоеното петто место во првата југословенска лига обезбедуваат пласман во Купот на УЕФА.
Поранешниот македонски селектор својата тренерска кариера исто така ја започнува како шеф на стручниот штаб на Ф.К Вардар во 1998 година освојувајќи го Купот на Македонија во неговата дебитантска сезона.