Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар утре против Пелистер во 1/2фин. од Купот, нашиот состав засилен атакува на круна
ЖКК Вардар утре против Пелистер во 1/2фин. од Купот, нашиот состав засилен атакува на круна

ЖКК Вардар утре против Пелистер во 1/2фин. од Купот, нашиот состав засилен атакува на круна

Викендов покрај купот во машка ќе се игра завршниот турнир и кај девојките во кошарка. Исто така и тој ќе се игра во Кавадарци. Нашите девојки играат ви сабота, 18ти фебруари со ЖКК Пелистер во рамки на полуфиналниот дуел.

Мечот ќе започне во 15часот и 30 минути. Во другиот полуфинален пар се МНА Кожувчанка  и Бадел 1862.  Се очекува да играме финале со шампионот Бадел. Финалето е закажано за ден подоцна во 16-00 часот. Вардар ќе атакува на круната, ни сме значајно засилени на полусезоната. Имаме две засилувања од САД и една македонска репрезентативка кои дојдоа зимово. Од американската кошарка не засилија  25-годишната Делисиа Шарп, висока 197 сантиметри која настапува на позицијата центар, и Ешли Ватс 24 години која игра на позиција “плеј“. Ново име е и македонската репрезентативка Фотка Ѓорѓиева, кој мина во нашите редови од  Трокал.