Пионерите на ракометниот клуб Вардар го освоија силниот меѓународен турнир “Трофеј на градот Зрењанин, кој се играше во периодот од 10-12-ти февруари. Нашите млади надежи кои се предводени од Андријана Будимир имаа одличен настап на турнирот во Зреанин освојувајќи го првото место со шест забележани победи од исто толку одиграни натпревари. Во групната фаза ги совладавме екипите на Звезда Мокрин, Младост СК и Смедерово. Во четврфиналето се сретнавме со екипата на Црвена Ѕвезда над која издвијувавме висок триумф, за во полуфиналето да бидеме подобри од екипата на Спачва од Хрватска. Во големото финале црвено-црните се сретнаа со екипата на Лавови која ја победивме со голема разлика. Тренерот Будимир за нашите фанови ги сподели впечатоците од освоеното прво место
-Ние на секој турнир заминуваме со една мисла, да се освои злато, а и така ја учам екипата да бидат секогаш победници бидејки знам колку можат, колку тренираат и колку вредат во моментов. Знам до каде можат да одат, ги знам нивните граници, едноставно ја знам “душата“ на екипата. Ова сега во Зрењанин ни беше четврто по ред финале на меѓународните турнири и кога сега влеговме во финалната фаза знаев дека никој од нас нема да ја испушти оваа шанса.
Стратегот на Вардарци направила добра анализа на противниците, па воопшто не е изненадување ова прво место.
-Претежно 90% од екипите кои се присутни на овие меѓународни турнири ги познавам бидејки или сум играла против нив или сум ги гледала како играат со некои други екипи, воглавно секогаш одам подготвена. За секој наш противник прво добро се припремаме, имам различна тактика во зависност од противничката екипа и соодветно на тоа правам измени во својот тим.
Вербата во себе и желбата за победа се пресудни фактори за успехот на оваа надежна генерација.
-Едноставно често им повторувам колку јас верувам во нив, колку тие вредат и дека треба сами да веруваат во себе, а пред се настапуваат и го преставуваат Вардар. Од овој турнир не сум баш задоволна од целокупната игра на мојата екипа без обзир на пласманот. Секој играч имаше одредени задачи на овој турнир и можам да кажам дека воглавно имаат прелазна оценка и ова не беше нашиот максимум бидејки има уште многу простор за работа и напредок.
Оваа генерација на РК Вардар е само втора сезона заедно и веќе почна да ги покажува потребните резултати. Секако голема заслуга има и нивниот тренер, Будимир како и самиот клуб кој им ги овозможува сите неопходни услови на децата за работа.
-Главна работа за успехот на оваа екипа е ДИСЦИПЛИНА и ПОЧИТУВАЊЕ на мене како тренер, сами помеѓу себе и према клубот. Со оваа генерација-екипа сум една и пол година и напредуваат многу благодарение на нивната напорна работа, на мојата комплетна посветеност, стручност и достапност на сите ресурси на Р.К.Вардар. Тука е Раул Гонзалез кој секогаш има време за моите милион прашања, Јура кондициониот тренер на првиот тим кој работи со нив, доста првотимци кои секогаш се спремни да помогнат и целокупниот тим на Вардар кои ни ги овозможува овие услови и турнири. Се надевам и верувам во мојата екипа на која допрва им претстои блескава иднина.
Звонко Ивановски