Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > ФК Вардар У-17 се засили со одличен голман, Мето Велковски е нов член на црвено-црните
ФК Вардар У-17 се засили со одличен голман, Мето Велковски е нов член на црвено-црните

ФК Вардар У-17 се засили со одличен голман, Мето Велковски е нов член на црвено-црните

Фудбалската школа на Вардар одсекогаш била и ќе биде собиралиште на најголемите фудбалски таленти во нашата земја.  Екипата на вардаровите пионери ( У-17) доби засилување на позицијата голман со екстра талентот Мето Велковски. Тој преминува во нашиот табор од школата на скопскиот фудбалски тим ФК Маџари Солидарност. Велковски претходно пред да настапува во тимот на Маџари има настапувано како почетник во тимот на ФК Илинден кој всушност е негов  матичен клуб.

Пионерите на ФК Вардар предводени од Сашо Тодоровски со овој одличен голман  ќе ја засилат конкуренцијата на оваа позиција. Младиот Велковски  со фудбалската игра се дружи уште од седумгодишна возраст, а на позицијата голман брани од својата десетта година. Негов идол бил големиот Касиљас, а Велковски потекнува од спортско семејство кое давало добри голмани и претходно. Мето го исконтактиравме веднаш како сајт кој е неуморен поддржувач на младите вардарови категории, тој за преминувањето во неговиот омилен клуб вели :

Пресреќен сум што сум дел од ФК Вардар, јас од дете сум навивач на овој клуб. Ова за мене претставува навистина еден голем предизвик за мојата  понатамошна работа и желбата да постигнам врвни успеси. Моите амбиции и зацртани цели во црвено-црниот табор се навистина големи: Јас како секој член на Вардар се надевам дека во иднина ќе забележам  настап во првиот тим и ќе бидам дел од тимот кој ќе ја  преставува Македонија  во Европа. – Изјави Мето Велковски за нашиот сајт.

Михајло Тушевски