Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ЛИКО: За Вардар би играл и без пари, ми фали Скопје и Комити. Се би дал да се вратам во Вардар
ЛИКО: За Вардар би играл и без пари, ми фали Скопје и Комити. Се би дал да се вратам во Вардар

ЛИКО: За Вардар би играл и без пари, ми фали Скопје и Комити. Се би дал да се вратам во Вардар

Бразилскиот фудбалски интернационалец Серафим Пауло Кандидо или како што сите кратко го знаевме Лико беше дел од ФК Вардар една година. Бразилецот дојде во Вардар од европска лига поточно од Португалија-2. Лико беше дел од црвено-црниот состав кој по деценија пад, конечно станавме шампиони, спонзорирани од Град Скопје. Таа година владееше вистинска “ренесанса“ во Скопје, а Лико беше еден од најдобрите поединци и за кратко стана љубимец на скопската публика. Го запрашавме какво е неговото сеќавање на периодот минат во скопскиот тим :

-Моите сеќавања врзани за Скопје се прекрасни, јас и ден денес велам го напуштив Скопје отпатував за Бразил па за Малта па пак за Бразил, но моето срце непатуваше остана во Скопје. Особено ми фалат Комити нивните песни уште ми ечат во  уши и овде во Бразил, а често и ги пуштам видеата нивни на интернет. Сонувам пак да дојдам во Скопје да го облечам дресот на Вардар, ме фаќа носталгија, за тоа време ми надоаѓаат солзи на помислата за настап во Вардар.

Лико не го крие својот сон дека сака да игра повторно во Вардар, тој по само една сезона замина од Вардар и ако никој тоа не го очекуваше во пресрет на ждребката за Л.Ш, но тоа беше одлука на тогашниот тренер на Вардар а сегашен прв човек на ФФМ Илчо Горгиевски. Лико вели дека не ги сака парите би играл и без нив само да биде во Вардар.

-По Вардар, играв во Европа повторно во Малта од каде се вратив во Бразил каде постојано тренирам и сум во топ форма, дури можам да кажам во поодлична од таа кога бев во Вардар. Мојот сон е да играм барем уште една сезона  во Вардар и ако тоа ми се исполни ќе ми биде последна.. не сакам да играм повеќе во друг клуб потоа. Немам зборови да ја искажам мојата љубов кон Вардар, јас ви велам би играл БЕСПЛАТНО само да сум дел од Вардар, да ми пејат Комити да го радуваме Скопје. Поздрав до сите кои ме почитуваат во Македонија ги има доста , ве поздравува Лико и некој ден се надевам дека повторно ќе го живеам сонот и ќе играм во Скопје. -Вели Лико во изјавата за нашиот сајт.

Михајло Тушевски