Играчите на Вардар по 25 дена на подготовки во турска Анталија вечерва слетаа на скопскиот аеродром. Тие летаа на релација Анталија – Истанбул и Истанбул – Скопје. Вардар одиграа 6 контролни тест-мечеви и оствари четири победи, а одиграа и две нерешени средби. Утре фудбалери на Вардар ќе имаат слободен ден.