Пионерите на Рк Вардар предводени од Андријана Будимир направија голем успех на турнирот во Зрењанин, пласирајќи се во полуфиналето на истиот. Нашите млади надежи утре со почеток од 08:40 часот ќе се сретнат со екипата на Партизан од Белград и ќе се борат за пласман во големото финале.
Да напоменеме дека до ова полуфинале, црвено-црните стигнаа со две победи и два порази во групната фаза. Забележавме победи во дуелите со Спачва-Хрватска (13:7) и Раковица- Србија ( 17:13), додека доживеавме пораз во мечевите со Војводина-Србија ( 13:10) и на последниот меч во групната фаза, на кој бевме нескреќно и минимално поразени од Камп Растимо ( 14 :13). Сепак двете победи ни овозможија утре наутро да се бориме за пласман во финалето на турнирот во Зрењанин. Подобрата гол разлика во однос на Војводина, беше пресудна да го освоиме второто место во групата. Камп Растимо беше првопласиран во нашата група. Противник во 1/2 е силната екипа на Партизан, која располага со една од најквалитетните млади ракометни школи на Балканот.