Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФК Вардар статистика: Шиле прв стрелец, Мијушковиќ најголема минутажа, Ромеро највеќе картони…

ФК Вардар статистика: Шиле прв стрелец, Мијушковиќ најголема минутажа, Ромеро највеќе картони…

Вардаровите фудбалери се уште се на пауза по завршувањето на есенскиот дел од првата лига, тие наскоро ќе ги почнат и поготовките за следната сезона во турскиот спортски центар Анталија. Нашите момци одиграа 18 кола во есенскиот дел и стрелаа дури 40 пати. Сега ќе направиме преглед во одредени статистички категории за овие изминати 18 кола во првата македонска фудбалска лига.

Најдобар стрелец :  Листата на стрелците  ја предводи   Дејан Блажевски со 8 погодоци  на 17 меча, втор е   Филип Ивановски, кој има 7 гола (18меча). Трет  е мексиканскиот интернационалец Цезар Ромеро со 4 гола  на 8 средби. Со по три гола  се : Бразилецот Хуан Фелипе,  Ацо Стојков, како и ерменскиот тандем Ховханес Хамбарџумјан и Артак Дашјан.

Најголема минутажа : Број еден по најголема доверба од тренерот Гоце Седлоски со дури 1611  минути на теренот е црногорскиот интернационалец Немања Мијушковиќ. Второпласиран во оваа статистичка категорија  е голманот Пачовски со 1530 минути, тој   одигра  17  натпревари  сепак на последниот меч на негово место настапи  вториот вардаров голман  Филип Гачевски. Третопласиран е  играчот за врска на црвено-црните Никола Глигоров тој во есенскиот дел имаше 1522 минути минати во вардаровиот дрес на мечевите од ПМФЛ.

Најнедисциплиниран играч : Во ова непопуларна статистичка категорија предничи  мексиканецот Цезар Ромеро, тој е  единствениот играч со  два црвени картони и тоа директни. Мексиканецот “поцрвене“ во 6-то коло со Турново и 8-то против Работнички. Кај жолтите картони апсулутен  рекордер  е Фелипе, кој дури во шест пати “пожолте“ оваа фудбалска есен. Пет опомени има  Хамбарџумјан,  а по три судиски опомени имаат Пачовски и Попов.

Ако ја погледнеме ова фудбалска есен за  нашите црвено –  црни  играчи ќе заклучиме дека во просек сме  постигнувале по 2,22 голови на еден меч, а  сме  добивале во просек по 1,7о жолти каротни  по одигран меч.